• сабота, 21 февруари 2026

Кривична против поранешниот градоначалник на Росоман, се сомничи за злоупотреба и причинување штета од околу 500 илјади денари 

Кривична против поранешниот градоначалник на Росоман, се сомничи за злоупотреба и причинување штета од околу 500 илјади денари 

Росоман, 19 февруари 2026 (МИА) - Кривична пријава е поднесена против поранешниот градоначалник на Росоман, се сомничи за злоупотреба и причинување штета од околу 500 илјади денари, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- ОВР - Кавадарци, до Основното јавно обвинителство - Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.Н., на возраст од 29 години од Росоман, поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик. Во периодот од август 2024 година до септември 2025 година, С.Н. во својство на градоначалник на општина Росоман, во два наврата ги пречекорил границите на службеното овластување и од буџетот на општина Росоман противправно биле прибавени парични средства во вкупен износ од околу 500.000 денари, кои биле присилно наплатени од извршител за личен долг на С.Н, појаснија од СВР - Велес. свд/вј/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан